Новиот израелски претседателски авион „Air Force One“ е приземјен по втор пат за два месеци откако претрпел штета, објави денеска веб-страницата „Инет“.
Авионот одговорен за транспорт на претседателот и премиерот, претрпел одредено оштетување на крилото додека се влечел во хангарот, се вели во извештајот.
„Инет“ објави и дека израелскиот претседател Исак Херцог планира следната недела да ги посети Србија и Албанија и дека дотогаш се очекува авионот да биде поправен.
Исто така се очекува авионот да биде поправен и за посетата на израелскиот преимер Бенјамин Нетанјаху за генералното Собрание на ОН во Њујорк на 23 септември.