Околу 15 часот денес во зграда во Сопот, Нови Загреб, пронајдено е мртво тело на жена.
Од загрепското јавно обвинителство велат дека, според досега констатираното, смртта настапила како последица на кривично дело. Но, тоа не е се.
Во возило во близина на местото на настанот е пронајдено уште едно машко мртво тело, веројатно тој бил поврзан со убиството, пишува Јутарњи.
– Според првичните информации, човекот најверојатно се самоубил. Во тек е истрага, велат од загрепската полиција.