Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска поднесе оставка. Тој стана четвртиот владин министер кој поднесе оставка во последните два дена, со што јасно стави до знаење дека украинската влада минува низ најголемите промени од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година.
За оставката на Кулеба денеска го информираше украинскиот парламент Руслан Штефанчук, кој рече дека оставката на Кулеба ќе биде „разгледана на една од следните пленарни седници“, но не прецизираше датум.
Неговата оставка ја коментираше и Оливер Керол, дописник на Економист за Русија и Украина, кој наведува дека оставката на Кулеба се шпекулира подолго време.
„Неговиот стил, со акцент на независната комуникација со Западот, не секогаш одговараше на канцеларијата на претседателот на Украина. Во приватни разговори тој беше обвинет дека не ја „туркал“ нивната агенда“, напиша Керол.
Синоќа оставки поднесоа потпретседателката на украинската влада за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина и потпретседателката на владата и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук.