9
Авион на индиската авиокомпанија „Вистара ерлајнс“ со 247 патници денеска принудно слета во градот Ерзурум во источна Турција по анонимна дојава за бомба, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.
Властите го евакуираа авионот и почнаа потрага по експлозиви, се вели во соопштението.
Авионот летал за Франкфурт од Мумбаи, Индија.
„Летот UK27 од Мумбај до Франкфурт (BOM-FRA) беше пренасочен кон Турција (Аеродром Ерзурум) поради безбедносни причини и безбедно слета во 19:05 часот“, напиша Вистара ерлајнс на X.
Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови, изјави гувернерот на Ерзурум Мусрафа Чифтчи за државната новинска агенција Анадолија, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.