9
Пејачката Адел ја одби веројатно најголемата понуда во нејзината кариера досега. Адел одбила понуда од дури 200 милиони долари за да ја продолжи турнејата и да замине во Кина, каде би имала настапи во казино, слични на оние што ги имаше во Лас Вегас, наречени „Викенди со Адел“, пишува Дејли. Пошта.
Сепак, пејачката ја одбила понудата и останува на ставот дека, како што претходно најави, на 23 ноември, со својот 100-ти концерт како дел од програмата „Викенди со Адел“ во Лас Вегас, ќе ја заврши својата турнеја и ќе се повлече од јавноста на подолго време.
Наводно, на Адел и плаќале по 500.000 фунти за секој настап во Лас Вегас, но решила да ја пропушти можноста да додаде уште 200 милиони долари на својата сметка.
„Имаше многу понуди, но таа ги одби сите бидејќи сака да биде дома со своето дете. Кинески агент ставил милиони долари на маса за договорот, но на крајот не сакала да го направи тоа. На прво место го стави своето дете, партнерот и себеси“, изјавил изворот за споменатиот медиум.
Познато е дека Адел на крајот на годината планира да се пресели во Лондон, каде има стан во центарот на градот и да живее со синот во мир, а планира да се омажи и за спортскиот агент Рич Пол.