15
Во родниот Чачак денеска е погребан Борисав Бора Ѓорѓевиќ, легенда на српската музичка сцена, но и на поранешна Југославија.
Заедно со членовите на семејството, на погребот присуствувале и голем број пријатели и почитувачи на великанот.
По негова желба е погребан на гробиштата во неговиот роден град Чачак.
Во чест на Бора Ѓорѓевиќ, на погребот хорот на гимназијата во Чачак го извел познатиот негов хит „Pogledaj dom svoj anđele“.
Да потсетиме, Ѓорѓевиќ почина на 4 септември во болница во Љубљана, каде со денови се бореа за неговиот живот. Тој остави неизбришлива трага на музичката сцена и како основач на групата „Рибља чорба“ и како одличен текстописец на песни за бендот и други познати изведувачи.