21
Селена Гомез стана милијардерка, пишува Блумберг. Таа е пејачка и актерка, но и претприемач кој постигнала голем успех.
Селена сега е меѓу најмладите милијардери во САД.
Нејзината вкупна вредност се проценува на 1,3 милијарди долари. Иако е првенствено позната како пејачка и актерка, најголем дел од нејзиното богатство доаѓа од нејзиниот бренд за шминка „Rare Beauty“, кој го лансираше во 2020 година.
Според /„Time“, „Rare Beauty“ „е најпродаваниот производ во „Sephora“ и е достапен во 36 земји“ и продолжува да заработува повеќе пари. Минатата година најпопуларен производ на нејзиниот бренд бил течно руменило од 23 долари.
Нејзиното богатство делумно доаѓа од глумата, со која почнала да се занимава уште како дете, а добро заработува и како пејачка со хитовите како „Calm Down“ и „The Heart Wants What It Wants“.
Таа се занимава и со менталното здравје преку платформата „Wondermind“ и е трета најследена личност на Инстаграм со 424 милиони следбеници.