27
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот регион на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 09:31 часот по локално време, на 34 километри од Газиантеп, со епицентар на длабочина од 10 километри, наведуваат од „EMSC“.
По него следеле уште два земјотреси со послаб интензитет, со магнитуди од 1,9 и 2,5 степени.
Засега нема информации за материјална штета.
Да потсетиме, Турција во февруари 2023 година беше погодена од разорен земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 44.218 луѓе.