Ученик во средно училиште во Мериленд загинал откако вчера бил застрелан од друг ученик при тепачка во училишната бања.
„15-годишниот Ворен Кертис Грант почина по пукање во средното училиште Џопатаун“, изјави шерифот на округот Харфорд Џеф Галер на прес-конференција.
Инцидентот се случува само два дена откако 14-годишен ученик уби четири лица во средно училиште во близина на Атланта.
Ученик (16) од средно училиште во Мериленд кој застрелал соученик веднаш по пукањето побегнал, но набрзо бил фатен.
„Допрва треба да се покренат обвиненија. Доколку судот одлучи дека убиецот треба да се третира како возрасен, тогаш ќе го објавиме името на осомничениот“, рече Галер.