Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, изјави дека е навреден од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за неговата поддршка за кандидатката на демократите Камала Харис.
Како што јави ТАСС, рускиот лидер оваа недела иронично изјави дека откако американскиот претседател Џо Бајден беше „повлечен“ од претседателската трка, Москва ја поддржа Камала Харис.
Путин додаде дека изборот е на американскиот народ.
„Го познавам Путин. Го познавам многу добро. Знаете, тој поддржуваше, не знам дали сте го слушнале, ја поддржа Камала.
„Тој ја поддржа Камала! Тоа навистина ме навреди. Се прашувам зошто ја поддржа Камала. Сега тој стана шахист“, рече Трамп на митингот во Висконсин, додавајќи дека можеби тоа било кажано на шега.
Трамп претходно ги опиша Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган како шахисти од светска класа.