Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги таргетира оние кои „мамеле“ на претседателските избори во 2020 година, доколку победи во трката за Белата куќа во ноември.
Трамп, кој загуби од Џо Бајден во 2020 година, тврди дека гласањето било фалсификувано и наместено против него.
„Изборите во 2024 година, на кои штотуку почна гласањето, ќе бидат под најстрог стручен надзор и кога ќе победам, оние луѓе кои мамеле ќе бидат кривично гонети според најстрогите законски мерки, кои ќе вклучуваат долги затворски казни, така што оваа перверзија на правдата да не се повторува“, напиша поранешниот претседател на својата платформа на социјалната мрежа „Truth Social“.