Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестовите ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.
„Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници“, изјави Уралоглу.
Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ставен на шините“, јавува Анадолија.