Австралија планира да воведе нови закони до крајот на годината кои ќе ги спречат децата да користат социјални мрежи поради ризиците што ги претставуваат за нивното физичко и ментално здравје, изјави во вторник премиерот Антони Албанезе.
Премиерот Албанес најави дека неговата влада ќе воведе пробен период во текот на следните неколку месеци што ќе бара од корисниците на социјалните мрежи да ја потврдат нивната возраст.
„Сакам децата и младите да се оддалечат од своите уреди. Сакам да ги видам на фудбалски терен, базен или тениско игралиште. Сакам да имаат вистински искуства со вистински луѓе бидејќи знаеме колкава штета можат социјалните мрежи направи“, изјави Албанес за националната телевизија.