Пронајдени се телата на четворицата алпинисти на француската страна на Монт Блан кои исчезнаа во саботата поради лошото време.
Тимот за пребарување и спасување Шамони-Монт Блан ги пронашол телата на алпинистите на 4.700 метри надморска височина, а се работи за двајца Италијанци и двајца Јужнокорејци, пишува Sky News.
Спасувачите соопштија дека алпинистите починале од хипотермија.
Двајца корејски алпинисти беа успешно спасени во неделата наутро на надморска височина од 4.100 метри, откако спасувачите започнаа многу сложена операција.
Француските власти отворија истрага.