Силна поплава предизвикана од тајфун денеска погоди село во северен Виетнам, при што загинаа 22 лица, а вкупниот број на жртви од невремето се искачи на 141.
Виетнамската јавна телевизија ВТВ објави дека денеска во поплавата во селото Ланг Ну загинале 22 лица, додека по десетици се уште се трага.
Бројот на жртвите од поплавите и одроните предизвикани од тајфунот Јаги значително се зголеми, а стотици луѓе се повредени, а 69 се водат како исчезнати.
Најголем дел од смртните случаи се од северозападната провинција Лао Каи, на границата со Кина, каде се наоѓа селото Ланг Ну.
Многу патишта во покраината се блокирани поради лизгање на земјиштето.
Научниците велат дека бурите како оваа стануваат посилни поради климатските промени, првенствено затоа што потоплите океани произведуваат повеќе енергија за да ги поттикнат бурите, што доведува до поголема брзина на ветерот и пообилни врнежи.