159
Денеска на Света Гора избувнаа два големи пожари, а пожарот е надвор од контрола и стигнал до населбата во Ханџија, поради што е наредена евакуација. Мобилизирани се повеќе противпожарни единици и три хеликоптери, но силниот ветер го отежна гаснењето. Се запали ниската вегетација меѓу брегот и хотелските комплекси на Атос.
Пожарникарите и покрај напорите не успеаја да го локализираат пожарот на Света Гора, кој се шири кон населбата и хотелите, поради што алармната служба 112 испрати порака за итна евакуација.
Туристите ги напуштаат хотелите со багаж, а густиот чад што се надвиснал над местото го отежнува дишењето. Сите во близина на плоштадот Платанија во Ханџија на запад беа специјално предупредени да се движат на запад кон Герани по стариот пат бидејќи пожарот стигнал во непосредна близина на куќите.
Според информациите, алармот бил вклучен за три големи хотелски капацитети лоцирани во околината. Властите претходно наредија евакуација на овие хотели кои беа преполни со туристи.
Мобилизирани се 29 пожарникари со 11 возила, а од воздух работат и два противпожарни хеликоптери. Гаснењето на пожарот продолжува со засилување на противпожарните сили, копно и воздух. Мобилизирани се уште 19 возила од соседните градови. Распоредени се два тима шумски командоси и уште еден хеликоптер.