Едно дете загина, а уште едно лице е повредено во напад на украинско беспилотно летало чија цел била Москва, изјави денеска гувернерот на московскиот регион Андреј Воробјов на апликацијата Телеграм, пренесе Ројтерс.
Жртвата е 9-годишно дете, пренесува ТАСС.
Воробјов, исто така, извести дека силите за противвоздушна одбрана таа ноќ собориле 14 украински беспилотни летала во регионите Подолск, Раменское, Љуберци, Домодедово и Коломна.