3-годишно девојче починало откако било заклучено во вжештен автомобил во Калифорнија, а нејзината 41-годишна мајка Сандра Хернандез е уапсена.
Имено, во петокот околу 16 часот и 20 минути, полициските и противпожарните екипи одговориле на повиците за тригодишното девојче и нејзината мајка Сандра Хернандез, за кои било пријавено дека се во несвест во автомобил, соопшти полицијата во Анахајм.
Член на семејството ги нашол мајката и ќерката заклучени во возило марка Форд и не е јасно колку долго биле во паркираниот автомобил, соопшти полицијата.
Девојчето подоцна беше прогласено за мртво во болница. Полицијата соопшти дека се сомнева дека детето починало од компликации од топлотен удар, но се чека официјалниот извештај од обдукцијата.
Во автомобилот биле пронајдени празни шишиња алкохол, 41-годишната мајка била сослушана во болница, а по отпуштањето од болница била уапсена.