Авион на Алјаска ерлајнс денеска во последен момент го прекинал полетувањето од пистата на меѓународниот аеродром Нешвил во американската сојузна држава Тенеси за да избегне потенцијален судир со авион на Саутвест ерлајнс, соопшти денеска Алјаска ерлајнс.
Авионот од летот 369, во кој имало 176 патници и шест членови на екипажот, го прекинал полетувањето поради потенцијален судир, иако добил дозвола од контролата на летање да полета, пренесува Ројтерс.
Федералната управа за авијација соопшти дека дозволила летот 2029 на Southwest Airlines да слета на истата писта.
Авионот на „Алјаска ерлајнс“ требало да лета за Сиетл, а патниците од тој авион биле префрлени во нов авион.