Владимир Путин денеска изјави дека ако Западот ѝ даде дозвола на Украина да напаѓа подлабоко во руската територија со ракетите со долг дострел што ги добила, тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“.
„Доколку се донесе оваа одлука, тоа би значело директно вклучување на земјите од НАТО во војната во Украина и би ја променило самата природа на конфликтот“, рече Путин, според видеото на Телеграм.
Според него, тоа би значело дека земјите од НАТО се во војна со Русија.