Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп, изјави вечерва дека нема да учествува во нова изборна дебата со неговата ривалка, Камала Харис.
„Трета дебата нема да има“, напиша тој на „Truth Social”, откако учествуваше на две дебати, една со Џо Бајден и сега со Харис.
После дебатата со Харис, аналитичарите велат дека Трамп загубил многу гласачи и дека Харис излегла како победничка. Трамп не се согласи со ова и кажа дека тој победил во дебатата.