Начилникот на полицијата во Њујорк, Едвард Кабан поднесе оставка, една недела откако ФБИ му го заплени телефонот за време на повеќе федерални истраги за корупција, во кои беа вклучени неколку градски функционери.
Кабан, назначен на функцијата во јули 2023 година, стана првиот Латиноамериканец на чело на полицискиот оддел во Њујорк од неговото основање пред 178 години.
Кабан кажа дека не бил информиран за никаква истрага против него, но и дека ќе продолжи да соработува со истражителите.
„Треба целосно да бидам фокусиран кон работата, но „бучавата“ по најновите случувања го направи тоа невозможно и затоа решив дека е најдобро да поднесам оставка“, се наведува во соопштението.