Нетипично високите цени на пазарот на струјата се реални или вештачки напумпани? Ова е прашањето кое ги мачи државите од југоисточна Европа кои се соочуваат со голема нерамнотежа на цената на струјата во последните три месеци. Поради ова, првиот регулатор и министерката за енергетика испратија писмо до директорот на Европската економска заедница.
„Бараме и секретаријатот да се вклучи во анализи и да испитаме зошто во поголемиот дел од летото од средината на јуни до крајот на август нашиот регион имаше убедливо највисоки цени во Европа.“, вели Бислимовски.
Цените на електричната енергија на берзите од Унгарија до Грција во секој момент имаат за 2 до 3 пати повисоки цени во одредени часови кога има најголеми тргувања споредено со останатиот дел од Европа.
„Енергетската заедница е нашиот гласноговорник пред Европската комисија и бараме да се испита што се случувало на пазарите за да имаме ваков удар на цените во нашиот регион. Тој допис е испратен пред две три недели исто така на оваа наша иницијатива, се произнесоа министрите за енергетика на Грција, Бугарија и Романија каде исто така се соочуваат како земји членки на ЕУ со далеку повисоки цени. Треба да се испита тоа, факт е дека во регионот имаше големи инвестиции во обновливи извори, во целиот регион.“, рече Бислимовски.
Со тоа понудата е зголемена, а потрошувачката е во рамките на очекувањата со одредени пикови во екстремно жешките денови.
„Бараме да се испита зошто тоа се случува, дали некои земји членки на ЕУ прават загушување помеѓу себе па тоа се одразува на нашиот регион и верувам дека со овие иницијативни кои ги преземаме во понатамошниот период ќе нема вакви случувања во нашиот регион да имаме исклучително високи цени.“, вели Бислимовски.
Проблемот се очекува да се отвори наредбата недела на средбата на регулаторните тела од земјите членки на Енергетската заедница.