Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Како да препознаете знаци на стрес или задоволство кај кучињата? Еве го одговорот

Press OnlinePress Onlineсептември 13, 2024 МАГАЗИН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

10

Однесувањето на кучињата често ја одразува нивната емоционална состојба. Разбирањето на овие однесувања може да ви помогне подобро да комуницирате со вашето домашно милениче и да обезбедите посреќен живот. Еве неколку клучни знаци што треба да ги знаете.

Кога кучето мавта со опашката, тоа обично значи дека е среќно и возбудено. Сепак, важно е да се внимава на положбата на опашката – високо подигнатата опашка укажува на голема возбуда, додека мрдачката опашка во ниска положба може да биде знак на смиреност.

Истражувањето спроведено од Универзитетот во Тренто покажало дека кучињата мавтаат со опашката на различни начини во зависност од нивната емоционална состојба. На пример, мафтањето со опашката повеќе надесно е поврзано со позитивни чувства, додека мафтањето налево е поврзано со повеќе негативни емоции.

Ако кучето е опуштено, без напнатост во телото, тоа е јасен знак дека се чувствува безбедно и задоволно. Опуштеното куче често има отворена уста со малку виси јазик, што е знак дека му е удобно. Однесувањето како скокање, трчање, наведнување напред и мавтање со опашката е знак дека кучето е разиграно и се чувствува среќно.

Знаци на стрес

Кога кучето ќе ги повлече ушите наназад или ќе ги испушти, тоа може да биде знак на страв или несигурност. Честото лаење, лелекање или други вокални изрази може да бидат знак дека кучето е под стрес или непријатно.

Истражувањето објавено во списанието Applied Animal Behavior Science покажа дека зевањето кај кучињата може да биде знак на стрес, особено во ситуации кога кучето не е уморно. Студијата потврдила дека зевањето почесто се случува во стресни ситуации.

Ако кучето често зева или ги лиже усните во ситуации кога не е поспано или гладно, тоа може да биде знак на стрес или анксиозност. Ако опашката е вкочанета или цврсто притисната на телото, тоа може да укаже дека кучето е под стрес или се чувствува загрозено. Кучињата кои се тресат или се обидуваат да се сокријат можеби чувствуваат страв или непријатност во моменталната ситуација.

Како да му помогнете на кучето?

Ако забележите знаци на стрес, обидете се да го отстраните изворот на непријатност и да создадете безбедна и мирна средина за кучето. На исплашеното или вознемирено куче може да му помогнете со нежен допир или мирен глас за да му даде до знаење дека е безбедно. Постепеното изложување на стресни ситуации преку обука и социјализација може да му помогне на кучето да се чувствува посигурно во различни ситуации.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Хелсинки покажа дека правилната социјализација и обука може значително да го намалат стресот кај кучињата, што ја потврдува важноста од постепеното изложување на различни ситуации.

Препознавањето на овие знаци ќе ви помогне подобро да го разберете вашето куче и да му ја дадете потребната поддршка, без разлика дали тоа е смирување или охрабрување на игра.

Поврзани содржини

Еве кои земји одат во финале!

Ќе слушнеме песни на 18 натпреварувачи

Вечерва во Базел прва полуфинална вечер на песна за Евровизија

Дневен хороскоп за вторник, 13-ти мај 2025 година

Мнозинство Швајцарци ја поддржуваат забраната на социјалните медиуми за деца под 16 години

Мексико го тужи „Гугл“ поради промена на име на залив

Најнови вести

Мицкоски нема да го испие „завршното“ кафе со Таравари

мај 14, 2025

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Македонија прва во регионот со потпишан договор за предфинансирање во рамки на Планот за раст

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Местенки при избор на специјализанти? – СДСМ со обвинувања до штипскиот градоначалник дека се вработуваат сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци во Клиничката болница

мај 14, 2025
СПОРТ

Надал ги победи Алонсо и Јамал и стана најомилениот спортист во Шпанија

мај 14, 2025

Подготовката за финалето на Лигата на Европа не може да биде изговор за поразот од Вест Хем, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед

мај 14, 2025

Сопственикот на Нотингем Форест објасни зошто го нападнал тренерот

мај 14, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.