Јужноафриканската земја Зимбабве ќе усмрти 200 слонови бидејќи се соочува со невидена суша што доведе до недостиг на храна за животните, пишува Гардијан.
Овој потег ќе се справи со растечката популација на животните, соопшти телото одговорно за заштита на дивиот свет во земјата.
Министерот за животна средина рече дека во Зимбабве има „повеќе слонови од потребното“.
Владата и наложи на Службата за паркови и диви животни во Зимбабве да го започне процесот на усмртување.
200-те слонови ќе бидат застрелани во области каде што имало инциденти со луѓе, вклучувајќи го и Хванге, кој е дом на најголемиот природен резерват во Зимбабве, објасни генералниот директор на паркот, Фултон Мангванија.