Повеќе од 60.000 домаќинства во Чешка останаа без струја поради паднатите дрвја кои ги блокираа одводите и силниот ветер. Цивилната заштита евакуираше околу 400 жители од неколку села, многу возови не сообраќаат, а сите стравуваат дека ситуацијата ќе се влоши бидејќи водениот бран се приближува до големите градови како Прага. Слично е и во Полска.
Во Чешка, најпогодена е областа околу градот Устинад Лабем во северозападниот дел на земјата на границата со Саксонија , каде што повеќе од 20.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Обилните дождови предизвикаа покачување на водостојот на Елба , една од најголемите чешки реки, а властите прогласија трето ниво на опасност од поплави за околу 20 реки и потоци, јавува чешката новинска агенција ЧТК.
Поради зголемен водостој на Влтава , подготовките за поплави се прават и во Прага, каде пловидбата е привремено прекината. Досега околу 400 жители се евакуирани од неколку села на чешко-полската граница.
Реките почнаа да се излеваат од коритото и во регионот Ополе во југозападна Полска, а пожарникарите мораа да одговорат на околу 400 повици за помош.
Ostrava Stará Bělá pic.twitter.com/6OdRr0G4tT
— jan.vazansky (@JanVazansky) September 14, 2024