Во една британска болница во југоисточна Англија, тим лекари направиле исклучително сложена процедура за време на бременоста, која вклучувала вадење на плодот од матката, извршена операција врз него и потоа враќање во матката.
Оваа необична процедура е направена на 23-годишната Лиза Кафе, чие бебе Лука е родено со вродена маана позната како спина бифида.
Лиза била во шестиот месец од бременоста кога било откриено дека Лука боледува од спина бифида, состојба која предизвикува малформации на ‘рбетот и’ рбетниот мозок. За да го санираат дефектот, лекарите морале да го извадат бебето од утробата и да извршат операција пред бебето повторно да се врати во утробата. Откако Лиза Кафе го заврши деветтиот месец, во болница во Кент повторно се роди бебето Лука.
По осум дена поминати во Одделот за интензивна нега на новороденчиња (NICU), Лука можеше да се врати дома со нејзината мајка, иако лекарите предупредија дека тој веројатно нема да може да оди. Операцијата остави само лузна на грбот на бебето, како и состојба позната како „Chiari malformation“, каде дел од мозокот излегува во ‘рбетниот канал.
Една од 1.000 бремености за кои е потребна оваа процедура
Докторката на Националната здравствена служба (NHS) Хана Пател за Daily Mail изјави дека овој случај е исклучително редок и дека само една од 1.000 бремености бара ваков тип на операција. Сега, една година по операцијата, Лука напредува на физикална терапија што дава надеж за неговата иднина.
Околу 600 бебиња се раѓаат со спина бифида во Велика Британија секоја година. Оваа состојба се развива кога ‘рбетот и’ рбетниот мозок не се формираат нормално за време на бременоста. Нормално, невралната туба, претходник на централниот нервен систем, се затвора околу 28-та недела од бременоста, но кај бебињата со спина бифида, како Лука, овој процес не се случува правилно.
Најтешката форма на спина бифида е отворената спина бифида или миеломенингоцела, каде што има поголеми или повеќекратни отвори по должината на ‘рбетот. Оваа форма може да доведе до сериозни проблеми, вклучително и нарушено движење и развој на инфекции како што е менингитис.
Превентивното внесување на фолна киселина за време на бременоста може да помогне во правилен развој на ‘рбетниот мозок и да го намали ризикот од оваа состојба – но потребно е консултација со лекар.