Кремљ во понеделникот соопшти дека врската меѓу Украина и осомничениот напаѓач во обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажува дека „играњето со оган“ има последици.
Запрашан за тоа што ФБИ го нарече обид за атентат врз Трамп, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече:
„Не треба да размислуваме ние, туку американските разузнавачки служби. Во секој случај, играњето со оган има последици“.
Коментарот се однесуваше на поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина во војната против Русија.
Си-Ен-Ен, Фокс Њуз и Њујорк Тајмс го идентификуваа осомничениот како 58-годишниот Рајан Весли Роут од Хаваи, повикувајќи се на неименувани службеници за спроведување на законот.
Три профили на социјалните мрежи со името на Рут сугерираат дека тој бил жесток поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија.