На 15.09.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, А.П.(33) од Република Турција, фудбалер на ФК Гостивар, пријавил дека околу 16.50 часот на стадион во Скопје, по завршување на натпревар помеѓу фудбалските екипи на ФК Гостивар и ФК Вардар, бил физички нападнат од Р.В. од Скопје, вработен во ФК Вардар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.