САД не се вклучени во експлозиите на пејџерите во Либан, и немале никакви најави за било каков напад, изјави портпаролот на Стејт департментот, пренесува Си-Ен-Ен.
„САД не беа свесни за овој инцидент, и ние собираме податоци“, рече Метју Милер, кој повеќе пати кажа дека станува збор за инцидент, а не за напад.
Милер не сакаше да каже какви информации имаат САД, ниту дали Израел е одговорен за нападот.