Трагичен настан во срцето на Неапол ја шокираше јавноста кога 30-годишна туристка од Падова, Италија, го загуби животот поради повреди на главата со кои се здоби кога статуа падна од балкон на зграда во центарот на градот. Мртвата девојка е Кјара Јаконис.
Според најавата на медицински извори, за жал повредите биле фатални, а несреќната жена како последица од овој инцидент починала.
Како што пренесува АНСА, трагичниот настан се случил додека туриститката се шетала низ еден од најпознатите делови на Неапол – Шпанскиот кварт.
Овој дел од градот е познат по својата богата историја и архитектура , привлекувајќи бројни посетители од целиот свет.
Несреќната жена планирала да се упати кон аеродромот за својот лет за дома, но за жал, не стигнала до планирата дестинација.