„Имавме пет моста, а сега остана само еден. Нема струја, нема сигнал, нема отворени дуќани. Луѓето немаат вода, леб и основни средства за хигиена“.
Ова е тажна приказна за ужасните поплави што го погодија југозападниот дел на Полска, а страшните податоци доаѓаат од малиот град Стронија Шлаские, каде живеат околу 5.000 луѓе.
Полскиот спортски коментатор Себастијан Шчесни (51), кој работи за Еуроспорт, пред 27 години одблиску гледал како поплава го уништила неговиот роден град. Сега повторно го живее истиот кошмар.
„Луѓето се очајни. Тие бараат информации за своите сакани преку пријателите и семејството. Се трудам да им помогнам на сите колку што можам. Се јавувам, пишувам пораки, но не може да се достават, нема сигнал во градот“, изјави тој во интервју за порталот Онет.
Затоа, Шчесни побара помош преку социјалните мрежи. Извесна Ана одговорила на неговиот повик и пеш отишла до Чарна Гора, на девет километри од градот. Информациите беа вознемирувачки.
STRONIE ŚLĄSKIE
📸| Michał Olkiewicz, Justy Na pic.twitter.com/2lADf2RqzY
— 🌐 ᴛʜᴇᴘᴏʟᴀɴᴅɴᴇᴡs 🌐 (@thepolandnews_) September 16, 2024
До градот се стигнува само по еден пат, од југозапад. Од петте моста остана само еден. Луѓето немаат струја, нема сигнал, дуќаните не се отворени. Нема леб во цела Клоѓска долина.
Коментаторот Шчесни (51) веднаш реагирал и започнал кампања за собирање средства за помош на жителите на неговиот роден град.
Тој, исто така, контактирал со Инспекторатот за патен сообраќај за да добие потврда за состојбата на патот во Строние Шлаские. Дознал дека единствениот пат кој води до градот може да го користат само автомобили, додека камионите не смеат да поминуваат.
Unfortunately, some of the old hydraulic structures are not holding up.
This is Stronie Śląskie, Lower Silesia. An absolute nightmare. pic.twitter.com/76ixk7mJit— Agata Tumiłowicz-Mazur (@aga_tumilowicz) September 15, 2024
„Се поради стравот од уништување на последната нишка што ја поврзува Строние Шлаские со светот“, рече тој.
Шчесни успеа да стапи во контакт со лицето кое ќе биде координатор за помош на ранливите жители. Одредиле место во градот каде се собираат донации и е поставена импровизирана антена.
„Им треба се и луѓето сакаат да помогнат. Ме повикаа Радио Колор, градот Колобрзег, областа Вшова – сите имаа подготвен превоз, но не знаеја како да достават помош“, откри тој.
Коментаторот на Еуроспорт објаснува дека настаните од 1997 година значително придонеле за сегашната катастрофа.
Był domu i domu nie ma. Powódź zabiera ludziom wszystko. Stronie Śląskie. pic.twitter.com/1Od5VLnAan
— chrzanik (@chrzanikx) September 15, 2024
„Разликата е во тоа што сега зградите пловат. Таа поплава ја потопи Страна, оваа го уништи градот. Реката Biała Lądecka издлаби нов канал низ центарот на градот. Поплавена е зградата на полицијата. Кога го видов тоа, само заплакав. Пропорциите се монструозни. Му напишав на брат ми: „Незамисливо е, нашиот град престана да постои“
Тој додаде дека никој од жителите „не очекувал ваква поплава“.
Шчесни сака да собере 70.000 евра за да му помогне на својот поплавен роден град. Предвидена е средба со градоначалникот и договор
Тој не се сомнева дека неговиот роден град повторно ќе застане на нозе
„Во него живеат силни, храбри луѓе. Некои ќе мора да почнат од почеток, но не се сомневам дека сите ќе се опорават“, заклучи тој