Експлозии, чија цел очигледно е воки-токи што ги користи Хезболах, потресоа неколку градови во Либан во средата попладне, само еден ден по масовниот напад во кој експлодираа пејџери кои главно ги користеа членовите на Хезболах, при што беа повредени повеќе од 2.800, а загинаа 12.
Експлозиите се случија во јужните предградија на Бејрут, како и во градовите Набатија, Тир и Саида во јужен Либан. На некои места предизвикаа и пожари во згради.
⚡️⭕️ Reports now in #Lebanon indicate that new explosions have also occurred in phones, laptops, radios and regular devices.
Many residential buildings are on fire pic.twitter.com/e3zuzcv8Wu
— Middle East Observer (@ME_Observer_) September 18, 2024
Извор на Хезболах потврди дека целите биле воки-токи или радио приемници што ги користела групата. Висок безбедносен извор изјави дека експлозиите се мали по големина, слични на вчерашниот напад и рече дека безбедносните агенции дополнително ќе го истражат инцидентот.
Изворот вели и дека Хезболах ги купил тие радио приемници пред пет месеци, во исто време со пејџерите кои експлодираа вчера.
Според првите информации има десетици повредени, а најмалку три лица им подлегнале на повредите. Либанската државна новинска агенција (ННА) објави дека три лица се убиени во регионот Бека на истокот на земјата.
Ал-Манар, официјалната телевизија на Хезболах, објави дека безжични уреди експлодирале на повеќе локации во Либан.
„Во моментов пред мене горат згради“, рече Мортада Смауи (30), жител на јужните предградија на Бејрут, откако серијата истовремени експлозии го погодија неговото соседство. Тој рече дека на местото на настанот брзаат пожарникари и војници.
Според некои изјави, цел на експлозиите биле и други уреди, како мобилни телефони и радија, но тоа се уште не е потврдено.