Контролите на германските граници не се крај на Шенген, но не е ниту вистинското решение за прашањето за миграцијата, изјави во вторникот во Загреб шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман. Германија во понеделникот ги прошири граничните контроли на сите свои граници во обид да ја спречи илегалната миграција, а критичарите велат дека тоа ги загрозува правилата на Шенген зоната за слобода на движење.
– Сигурно е дека Германија има воспоставено одреден проблем во однос на тие убиства во Солинген и на некои други места и сега прибегна кон вакво решение, но, ми се чини, ова не е вистинското решение. Ова прашање мора да го решиме во земјите од кои доаѓаат мигрантите. Ако мигрантите доаѓаат илегално, тогаш тоа е проблем за сите нас, не само за Германија – изјави Грлиќ Радман по владината седница.