Close Menu
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ
Press OnlinePress Online

Српското МВР не сака тетовирани полицајци: Не им ги потпишува договорите на специјализантите

Press OnlinePress Onlineсептември 18, 2024 РЕГИОН
Сподели
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

27

Министерството за внатрешни работи на Србија само оваа година би можело да остане без неколку млади обучени кадри и идни полицајци, а причината ни помалку, ни повеќе, е тетоважата што ја имаат на телото кандидатите кои ја поминале целата обука и потоа биле вклучен во ранг листата на Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Струковото здружение на полицајци „Д-р Рудолф Арчибалд Рајс“ од Нови Сад, специјализантите им пријавиле дека пред потпишување на договорот со МВР, имале притисок да потпишат барање за замрзнување на статусот на специјализанти, со што им е спречено продолжување на обуката.

-Овој чин, спроведен исклучиво против специјализанти со тетоважи, претставува очигледна дискриминација и грубо кршење на нивните права, велат од Струковото здружение на полицајци.

Така поради тетоважата, таквите кандидати нема да можат да се видат на промовирањето во полицајци.

-Почнав со обуката на 1 септември, три дена подоцна го потпишав Договорот и веднаш потоа ми дадоа два избора – да одам на таргетиран специјалистички преглед, каде што ќе ме паднат поради мојата тетоважа, која е во процес на отстранување, а вториот избор е да напишам молба во која барам ослободување од обука, со цел да ја отстранам тетоважата. Не ми беше понуден избор да останам на обука, го опишува искуството кандидатот од централна Србија за Нова.рс, кој инсистираше да го скриеме неговиот идентитет. Тој тврди дека не е единствениот кому на ваков начин му била прекината обуката и да имало шест вакви лица. Сите тие се дискриминирани со постапувањето на Центарот, тврдат од Струковото здружение на полицијата.

Повереникот за заштита на рамноправноста утврди дека забраната за носење брада и тетоважи е чин на дискриминација.

-За специјализантите не може да се применува Правилникот за начинот на однесување и личниот изглед на полициските службеници и другите вработени во МВР, бидејќи тие не се вработени полициски службеници, дури и да може да се применува спорниот Правилник, тој предвидува доколку некој има тетоважи, тој мора да ги покрие со облека, но секако тетоважа на телото на учесникот не може да биде пречка за обука, објаснуваат од ова здружение.

Поврзани содржини

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

Патнички авион морал итно да слета

Огромен магацин се запали, жителите пријавуваат дека слушнале експлозија

Серија на земјотреси во Грција, еден од нив и на Халкидики

Локални избори во Хрватска

Атина покриена со песок од Сахара

Најнови вести

Папата го повика Израел да дозволи влез на хуманитарна помош во Газа

мај 21, 2025

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

мај 21, 2025

Приведени четворица кои се дел од криминалната група „Беланоца-Барон“, се поврзуваат со две ликвидации

мај 21, 2025

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

мај 21, 2025
СПОРТ

Пет лица се осудени за злосторство од омраза поради расистички навреди против Винисиус, објави Ла Лига

мај 21, 2025

Албанец е нов спортски директор на Милан: Познато и името на новиот тренер на гигантот?

мај 21, 2025

Белингам ќе биде подложен на операција на рамото и ќе отсуствува околу три месеци

мај 21, 2025
© 2018 - 2025 Press Online. All Rights Reserved.
  • НАСЛОВНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • МАГАЗИН
  • АЛ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.