Прелиминарната истрага на либанските власти за уредите за комуникација што експлодираа во Либан покажа дека во нив биле вградени експлозиви пред да стигнат во земјата, се вели во писмото испратено до Советот за безбедност на ОН од либанската мисија во ОН.
Либанските власти, исто така, утврдија дека уредите, вклучително и пејџери и токи-воки, биле активирани со испраќање електронски пораки до уредите, се вели во писмото што денеска го видел Ројтерс.
Либанската мисија на ОН, исто така, го обвини Израел за планирање и извршување на нападите, во кои загинаа најмалку 32 лица, а повеќе од 3.000 беа ранети. Според Ројтерс, утре се очекува да се состанат 15 членки на Советот за безбедност на ОН поради смртоносните експлозии во Либан во вторник и среда.