За само три дена, нова експлозија во германскиот град Келн. Одекна експлозија во близина на продавница за облека, во која има и станови. Тоа е неколку метри во близина на местото каде што во понеделникот беше фрлена бомба.
Полицијата доби дојава околу 5 часот утрово. 40-годишен случане минувач е лесно повреден. Сведоци истакнаа дека виделе чад и после тоа стигнале пожарникари и полиција.
Во понеделник непознат сторител фрлил експлозив. Полицијата објави фотографија, а не е познато дали е истиот сторител на делото од утрово.