Дванаесет лица загинаа во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут, а 66 се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.
Претходните извештаи зборуваа за девет смртни случаи.
Според податоците на цивилната заштита, ударот довел до уривање на две згради во густо населена област.
Министерството соопшти дека деветмина од повредените се во критична состојба.
Израел тврди дека елиминирал околу десет команданти на Хезболах, вклучувајќи го и шефот на елитната единица на оваа милитантна проиранска организација.