6
Во наредните денови се очекува пораст на водостојот на Дунав, се вели во предупредувањето на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), пренесува „Новости“.
Се очекува достигнување и надминување на границите на редовна одбрана од поплави кај Апатин на 20 септември, кај Нови Сад на 21 септември и кај Богојево и Бачка Паланка на 22 септември, со тенденција на дополнителен пораст.
Врвот на бранот кај Бездан се очекува на 25 септември, а кај Нови Сад на 27-28 септември под границите за вонредна состојба од поплави, предупреди РЗМЗ.
Според последните податоци за четврток, Дунав кај хидролошката станица Апатин е висок 515 сантиметри, а во петок се очекува да биде 580 сантиметри, во сабота 610 сантиметри, во недела 638 сантиметри, а во понеделник 650 сантиметри.
Бидејќи границата на редовна заштита од поплави на ова место е 600 сантиметри, тоа значи дека ќе се премине во сабота, со тенденција на понатамошен раст. За да се помине границата на итна одбрана, треба да достигне ниво од 750 см.