Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четвртокот во Вроцлав најави помош од 10 милијарди евра за земјите од Централна Европа кои беа погодени од катастрофалните поплави.
„Можеме да мобилизираме 10 милијарди евра од заедничките фондови за земјите погодени од поплавите“, рече Фон дер Лајен во Вроцлав, Полска, каде што ги обиколи поплавените области со премиерите на Полска, Словачка, Чешка и Австрија.
Таа нагласи дека сега треба да се искористат сите расположливи средства. Пред се, тука е Фондот за солидарност, кој може да се искористи за обнова на инфраструктурата, како патишта, железници, мостови и слично.
„Но, мислам дека тоа нема да биде доволно со оглед на огромниот обем на штетата“, рече фон дер Лајен.