Студентката по право, 22-годишната Кјара Петролини, признала дека тајно родила две бебиња во рок од една година, и дека ги закопала во градината без никој да знае. Ова се случило во градот Парма, а девојката успеала да ги сокрие двете бремености од момчето и од семејството.
Нејзиното момче не знаело дека Кјара била два пати бремена од него.
Коските на бебето биле откриени пред десет дена во градината во вилата во Вињале ди Траверстоло во близина на Парма, истражителите веднаш го свртело вниманието кон мајката, бидејќи таа е обвинета за убиство на друго бебе. Таа родила дете на 7 август 2024 година, а девојката била испрашувана, и признала дека родила дете пред една година и дека го закопала во градината.
Целата трагедија почнала да се открива во август годинава. На 7 август Кјара го родила своето бебе сама дома и го закопала во градината, а следниот ден заминала со родителите на одмор во Њујорк. Бабата на Кјара која се грижела за куќата, го открила трупот на бебето.
Практично куче почнало да копа на тоа место, а постарата жена веднаш повикала полиција. Следувале ДНК тестови, а истрагата покажала дека бебето било живо закопано и дека било родено во 40-та недела од бременоста, и откриле дека мајка е Кјара Петролини.
Еден месец подоцна истражителите нашле посртмни останки на уште едно новороденче, и станало јасно дека мајката направила се сама.
Мајката не била надгледувана од ниту еден лекар за време на бременоста, и се пораѓала сама дома.