Германска туристка почина откако во понеделникот пливајќи во близина на Канарските острови во Шпанија, била нападната од ајкула.
30-годишната девојка ја изгубила ногата во нападот, а подоцна починала од срцев удар додека ја превезувале со шпански спасувачки хеликоптер, изјави за AFP портпаролот на крајбрежната стража.
Нападната додека пливале покрај пловилото
Таа пловела со британски катамаран во Атлантикот на околу 278 наутички милји југозападно од островот Гран Канарија кога ја нападната ајкула. Таа била нападната додека пливала покрај катамаранот, пренесува Ројтерс.
Службите за итни случаи добија предупредување во 12:55 часот со повик за медицинска евакуација и испратија воен авион и хеликоптер откако стапиле во контакт со мароканската крајбрежна стража.
Жената била качена на хеликоптер околу 18 часот вечерта и била пренесена во болница во градот Лас Палмас во Гран Канарија кога починала, изјави портпаролот.
Веб-страницата за следење на бродови, shipfinder.com, покажа дека бродот Dalliance Chichester го напуштил пристаништето Лас Палмас на 14 септември.
Ајкула неодамна уби 16-годишно момче на Јамајка
Нападите од ајкула се ретки, со вкупно 69 потврдени неиспровоцирани напади ширум светот и 14 смртни случаи пријавени минатата година, според Меѓународното досие за напад на ајкула, управувано од Музејот за природна историја на Флорида и Американското здружение Еласмобранч.
Во извештајот се вели дека непропорционален број луѓе умреле од каснување од ајкула во Австралија минатата година во споредба со другите земји. Околу 22 отсто од неиспровоцираните напади на ајкули во светот се случиле во Австралија во 2023 година.
Смртоносниот напад доаѓа помалку од еден месец откако ајкула уби 16-годишен средношколец во Јамајка. Во јули, сурфер ја загуби ногата откако беше нападнат од голема бела ајкула во Австралија.
Еден месец претходно, сурферката Тамајо Пери почина откако претрпе фатални повреди во напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи.