Авион на скандинавската авиокомпанија САС, принудно слетал во данскиот главен град Копенхаген, откако патник во авионскиот оброк нашол глушец.
Авионот летл од Осло до Малага, но морал веднаш да слета во ДАнска.
„Глушецот беше од безбедносен ризик, па пренасочувањето беше во согласност со процедурите на компанијата“, изјавил портпаролот на САС, Ошјтајн Шмит.
Патниците биле преместени во друг авион, и го продолжиле патот кон Малага.
„Ова е нешто што се случува исклучително ретко. Правиме преглед со нашите добавувачи за да се осигураме дека тоа нема да се повтори“, рекол Шмит.