Министерството за одбрана на Украина соопшти дека секој месец се регрутираат околу 6.500 доброволци низ целата земја.
Во моментов, на располагање се 10.000 слободни работни места во вооружените сили, известува МО на Украина.
Како што се нагласува, доброволци можат да се регрутираат во сите структури на вооружените сили, вклучувајќи Националната гарда, Службата за безбедност на Украина и Државната гранична служба.
“Показателите за регрутирање во вооружените сили постојано се зголемуваат. Во просек, се регрутираат по 6.500 доброволци месечно. Има над 10.000 слободни работни места за граѓаните, како што се готвачи, мајстори, адвокати, оператори со дронови и лекари,” изјави Алексиј Безевец, овластен претставник на Министерството за одбрана за регрутирање.