Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во поплавите на полуостровот Ното во централната јапонска префектура Ишикава.
Десетици илјади жители беа евакуирани поради обилните дождови, додека 5.000 домаќинства останаа без струја.
Врнежите достигнаа рекордни 121 милиметар на метар квадратен.
Силен дожд ја погоди и Јужна Кореја, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави, поради што повеќе од 500 луѓе се евакуирани во регионите Северен Гјеонгсанг и Јужен Чунгчеонг, пренесува Јонхап.
Поплавени се 54 делници од јавните патишта.
Министерството за внатрешни работи ги подигна предупредувањата за обилни врнежи на алармантно ниво.
Премиерот Хан Дук Су им нареди на властите да ги мобилизираат сите расположливи ресурси со цел да се ублажат штетите и да се направат подготовки за новите врнежи што ќе ги донесе тропскиот циклон Пуласан, јавува Радио Слободна Европа.