Најголемата казна која возач во Германија може да ја плати изнесува импресивни 100.000 евра. Не треба да ризикувате, па затоа избегнувајте го тоа да го правите.
Германија воведе некои нови закони околу казните, но и ги зголеми казните со цел возачите подобро да размислуваат во одреднеи ситуации.
Во Германија најголеми казни ќе платите доколку „ви падне на памет“ да фрлате храна и отпадоци од прозорецот додека возите.
Додека за фрлање на цигари или хартиени чаши може да платите од 50 до 250 евра, тогаш за стаклени шишиња казната е импресивни 100.000 евра.
Сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија донесе закон со кој ќе се казни секој оној кој ќе фрли стаклено шише од прозорот на автомобилот со 100.000 евра.
Никогаш немојте да бидете сигурни дека нема да ве фатат, затоа што многубројните камери може да бидат клучни, па да платите огромна казна, пренесува Блиц потпирајќи се на „Феникс Магазин“.