Повеќето лица сметаат дека би било убаво да се пензионираат на крајбрежје, поркај море и сонце. Токму од таа причина многумина ги избираат медитеранските земји за пензија. На листата најпосакувани се Португалија, Шпанија, Грција, а и Малта се издвојува како најдобра за пензионерите во 2024 година.
Особено Португалија е во последните години прва на листта кога станува збор за најпосакувана дестинација за пензионерите. Заедно со неа се споменува и Малта.
Авторите на истражувањето ја опишуваат Малта како веројатно најдобрата земја во Европа за пензионирање, како и една од најдобрите за Американците. Она што ја прави Малта толку привлечна во староста е добар здравствен систем, атрактивни цени на недвижностите, но и даночни олеснувања и стимулации. Според globalcitizensolutions.com , Малта е
политички стабилна и нуди многу можности за добра забава.
а потсетиме, минатата година Форбс, најпознатиот бизнис магазин во светот, објави листа од пет дестинации каде е најдобро да се живее во пензија. На прво место беше Црна Гора, односно заливот во Котор.