Во Минхен денеска почнува најголемиот фестивал на пивото Октоберфест, кој ќе трае до 6 октомври, а безбедносните мерки се исклучително силни, со оглед на високиот степен на опасност од исламистичкиот тероризам.
По неодамнешниот напад на фестивал во западниот град Солинген, во кој загинаа три лица, прашањето за безбедноста повторно е во фокусот, а безбедносните власти се крајно претпазливи и секоја дојава е детално истражена, пренесува денеска Тагешпигел.
Весникот наведува дека на Октоберфест се применува софистициран безбедносен концепт – контроли на влезот, забрана за големи кеси, ножеви и стаклени шишиња, присуство на голем број полицајци и бетонски саксии за да се спречат напади со автомобили.