Утрово Хезболах од либанска територија истрела над 100 ракети врз северен Израел, при што беа повредени три лица, додека израелските сили вршат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан и се закануваат со интензивирање на нападите, објави израелската армија (ИДФ).
Некои од 85-те ракети на Хезболах беа пресретнати, додека некои го погодија Кирјат Биалик во близина на Хаифа и Морешет, заедници во Долна Галилеја, пишува Тајмс оф Израел.
Во нападот на Кирјат Биалик три лица се ранети и причинета е материјална штета, се вели во соопштението.
Хезболах објави дека цели на објектот на компанијата Рафаел, која произведува одбранбени системи, во областа Хаифа.
Во меѓувреме, израелската армија објави дека цели на Хезболах во Либан по првиот одговор на либанската група на смртоносните експлозии на пејџери и воки-токи на членовите на Хезболах во Либан пред неколку дена.
Во соопштението на ИДФ се посочува дека израелската противвоздушна одбрана останува во состојба на висока готовност и предупредува дека израелските воздушни напади против Хезболах ќе продолжат и ќе се интензивираат, пишува „Тајмс оф Израел“.
Претходно, ИДФ објави дека либанската милитантна група Хезболах во текот на ноќта истрелала 24 ракети врз северен Израел и дека сите биле пресретнати од воздушната одбрана.