Најмалку четири лица загинаа, а десетици луѓе се ранети во пукотница во Бирмингем, Алабама вчеравечер, соопшти денес полицијата во Бирмингем.
Престрелката се случила нешто по 23 часот во населбата Фајв Поинтс Југ, според соопштението за печатот, пренесува Си-Ен-Ен.
„Веруваме дека повеќе луѓе испукале повеќе истрели во група луѓе“, изјави полицискиот претставник Труман Фицџералд.